Децентрализираната социјална мрежа Мастодон во последно време ужива огромна популарност. Според последниот блог на Јуџин Рек, основачот и главен развивач на платформата, социјалната мрежа ја зголеми својата корисничка база од 300.000 месечни активни на 2,5 милиони во периодот октомври-ноември.
Твитер го презеде милијардерот Елон Маск. Овој успех е уште поимпресивен ако знаеме дека Мастодон не е единствената алтернатива на Твитер.
Секако, сè што се случи со Маск и неговото преземање на Твитер значително помогнаа голем број корисници да бараат алтернативни услуги. Останува да се види дали овој тренд на раст за Мастодон ќе продолжи и во декември.
Мастодон постои околу шест години и користи бесплатен софтвер со отворен код, кој им овозможува на сите да водат платформа за социјални медиуми целосно на својата инфраструктура и под нивна контрола.
Иако сé уште не може да се спореди со Твитер, кој има околу 250 милиони активни корисници дневно, Мастодон е добра алтернатива за оние кои повеќе не го сакаат Твитер. Многу корисници на Твитер истовремено го користат Мастодон.